Ајдете браќа – Македонска народна песма

Ајдете браќа,
cите содружно,
да ги скршиме
ропските синџири.

Сите содружно
в бој да тргнеме,
в бој за слободна
Македонија!

Доста е ропство,
доста тиранство,
доста трпевме
клети фашисти!

Пушка на рамо,
нож во раката –
кај партизани
прав в гората.

Таму се вее
крваво знаме,
на знаме пише:
Смрт на фашисти.

Смрт на фашизмот –
слобода на народот,
слобода на нашата
Македонија.

_______________________________________________________________________
Народна партизанска песма преузета из књиге „Од борбата – Народни песни“ прикупио: Блаже Конески, Државно книгоиздателство на Македонија, 1947. г. Из предговора: Пред крај на јуни 1943 година, во Македонија се појави првата збирка, „Македонски народно-ослободителни песни“ редактирана од Коста Рацин, непосредно пред неговата смрт. Збирката, која што содржеше дваесет песни пеани од партизаните и народот во оние денои кога народното востание сè повеке се разгоруеше, беше печатена во примитивната партизанска печатница „Гоце Делчев“ во Лопушник (Кичевско). Тиражот беше многу скромен – неколку стотини примерци – од простите причини што не се располагаше сo многу хартија и што „капацитетот“ на дрвената печатница не позволуеше повеќе.
Фотографија:Из борби за ослобођење Велеса, Македонија, новембра 1944. г.

Advertisements

Ostavi komentar

Попуните детаље испод или притисните на иконицу да бисте се пријавили:

WordPress.com лого

Коментаришет користећи свој WordPress.com налог. Одјавите се /  Промени )

Google+ photo

Коментаришет користећи свој Google+ налог. Одјавите се /  Промени )

Слика на Твитеру

Коментаришет користећи свој Twitter налог. Одјавите се /  Промени )

Фејсбукова фотографија

Коментаришет користећи свој Facebook налог. Одјавите се /  Промени )

Повезивање са %s